СВР Битола: Апсења, повредени лица, нападнат малолетник

0
Споделивања

На 24.09.2024 во 18.25 часот на ул.„Даме Груев” во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода две лица на возраст од 23 и 25 години, двајцата од Битола, затоа што при преглед кај нив, кај едното лице биле пронајдени марихуана и дробилка со остатоци од марихуана. По документирање на настанот ќе следуваат соодветни поднесоци.

На 24.09.2024 во СВР Битола, С.У. (48) од с.Будаково, битолско, пријавил дека во средно училиште во Битола во кое учел, неговиот малолетен син бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 24.09.2024 во 12.32 часот во СВР Битола, од Клиничка болница Битола било пријавено дека кај нив со тешка телесна повреда бил донесено 54 годишно лице од Битола. Според пријавеното, тој се здобил со повредата при вршење на градежни работи за фирма на стариот пат Битола – Прилеп, кај с.Могила. Увид извршила увидна екипа на СВР Битола, а за настанот бил известен и трудов инспектор.

На 24.09.2024 во СВР Битола, од Клиничка болница Битола било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен 50 годишно лице од Демир Хисар. Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување работни задачи во механичарска работилница во битолско. Увид извршила увидна екипа на СВР Битола, а за настанот бил известен и трудов инспектор.

На 24.09.2024 во СВР Битола, П.Д. (52) од Битола пријавил дека на ул. “Васко Карангелевски“ бил каснат од куче скитник.

0
Споделивања
Exit mobile version