Питер Бижу, Бруно Делбонел и Роби Милер добија свои ѕвезди во Битола

0
Споделивања

Питер Бижу, Бруно Делбонел и Роби Милер се имиња кои ја оставија својата трага во историјата на светската кинематографија, а од вчера и на „Патеката на славните“ во Битола.

Питер Бижу, добитник на „Оскар“ за „Мисисипи гори“ во 1988 година, лично ја откри својата ѕвезда на Широк Сокак. Ланскиот лауреат на „Златна камера 300“ за животен опус, на свеченоста заокружена со присуството на директорот на фестивалот, Симеон Мони Дамевски, енергично извика: „Сите сме Манаки!“. Бижу останува запаметен и по соработката со легендарната група „Монти Пајтон“, додавајќи уште една димензија на неговото богато наследство.

Годинашен добитник на „Златна камера 300“ за животен опус е Бруно Делбонел. Овој француски кинематографер, кој ја има освоено публиката со филмови како „Амели“, ја откри својата ѕвезда на „Патеката на славните“ и стана дел од големите имиња на фестивалот. Неговиот придонес во светската филмска уметност прв пат беше признат во 2022 година, а оваа година му е доделена и наградата за животно дело.

Исто така, на Широк Сокак блесна и ѕвездата на Роби Милер, холандскиот кинематографер кој, за жал, почина на 78-годишна возраст. Милер ја остави својата непроценлива трага со неговите визуелни ремек-дела, и во 2002 година доби специјална награда „Златна камера 300“ за придонес во филмската уметност, додека во 2016 година му беше доделена награда за животно дело.

Овој значаен проект на „Патеката на славните“ беше поддржан од „Божиновски часовници и накит“, златниот спонзор кој стои зад блесокот на ѕвездите, додека „Крин“ мајсторски ги вдлабна новите гранични плочи кои сега светат со истата слава како и нивните носители.

0
Споделивања
Exit mobile version