НАЈНОВО

Здравје

Почна сезоната на бозел: Со едноставен рецепт направете сок од оваа лековита билка

Бозелот е едно од оние растенија што расте во пролет и сега е идеално време за собирање на неговите цветови, доколку сакате да направите освежителен сок за летните денови.

Ако имате големо количество цветови, не ги фрлајте бидејќи можете да ги исушите и да ги користите за чај.

Потребни состојки:

40 цветови бозел
4 лимони
5 литри вода
4 кесички лимонтус
3 кг шеќер
Подготовка:

Измијте ги цветовите под млаз вода и ставете ги во голем сад. Додадете лимонтус и кратко притиснете ги цветовите за да се ослободат нивните хранливи материи.

Потоа додадете вода, ставете лимон исечен на прстени и покријте. Сокот треба да се остави 24 часа. После тоа, процедете го сокот преку газа, додадете шеќер и измешајте. Можете да стравите и помалку шеќер, или некој друг засладувач. Оставете го сокот повторно додека не се раствори шеќерот. Доколку е потребно, промешајте за шеќерот да се раствори рамномерно.

Откако ќе го добиете сирупот, истурете го во шишиња, а најдобро е да го чувате во фрижидер. Доколку сте направиле поголеми количини, најдобро е сирупот да го чувате во замрзнувач. За време на консумирањето сирупот разредете го со минерална или обична вода, а за побогат вкус можете да додадете лимета или листови свежо нане.

Поврзани новости