НАЈНОВО

АстрологијаЖивот

Предупредување од познат астролог: Од 19 до 21 април ќе биде критично – овие знаци да внимаваат со финансиите

Дознајте каков ќе биде вашиот хороскоп до крајот на април, период кога се случуваат два главни астро аспекти – ретрограден Меркур и затемнување на Сонцето.

На крајот на април Меркур ќе биде во ретроградно движење и овој аспект ќе трае неколку дена. Рускиот астролог Тамара Глоба ги предупредува сите хороскопски знаци да бидат внимателни во овој период, бидејќи третата декада од април ќе влијае на состојбата со парите, но и на иднината во целина.

Покрај ретроградниот Меркур, Тамара вели дека овој месец ќе се случи уште нешто важно.

-Во април нè очекува посебен настан – затемнување на Сонцето на 20 април. Во периодот околу ова затемнување ќе се случат многу важни работи, предупреди Глоба.

Имено, затемнувањето на Сонцето се совпаѓа со ретроградниот Меркур и бидејќи овие два настани ретко се случуваат во исто време и може да се опишат како експлозивен астро-микс, а се очекува сите знаци да ги почувствуваат ефектите.

Глоба предупредува, знаците од Зодијакот да не се фокусираат само на датумот на затемнувањето (20 април), туку и на деновите пред и потоа

-Најважна ќе биде последната деценија, настаните што ќе се случуваат околу затемнувањето, од 19-ти до 21-ви. Ова е периодот на најголемо влијание на затемнувањето, а воедно и последните пет дена од април. Ова е време кога треба да бидете многу внимателни на пат, особено кога станува збор за љубовниот живот и донесувањето на финансиски одлуки“.

Важно е да се напомене дека овој период нема да донесе само „лошо“, напротив – некои знаци ќе имаат среќа. Астрологот откри кој ќе го наполни паричникот во оваа фаза…

-Речиси на сите полиња среќата ќе биде на страна на Девиците. Парите и љубовта ќе дојдат кај нив, а на работа сè се одвива како што замислиле, вели Тамара Глоба.

Среќата ќе им се насмевне и на Раковите. Април е многу поволен месец за пари, ќе можат да постигнат се што долго планирале и посакуваат. Партнерот ќе им пружа безрезервна поддршка.

Поврзани новости