Прилеп инфо

Прилепчанка прскала со бензин во кафеана и се заканувала дека ќе ја запали

32-годишна прилепчанка е приведена откако синоќа влегла во угостителски објект, прскала со бензин и се заканувала дека ќе го запали.

„На 16.03.2024 во 22.10 часот во Прилеп полициски службеници од ОВР Прилеп ја лишиле од слобода К.И.(32) од Прилеп поради основи на сомнение за сторено кривично дело ‘предизвикување општа опасност’ по чл. 288 од КЗ. Имено, на 16.03.2024 околу 22 часот во ОВР Прилеп Т.К.(61) од Прилеп пријавил дека околу 21.30 часот во неговиот угостителски објект во Прилеп влегла К.И. и со шише наполнето со запалива течност прскала по подот и се заканувала дека ќе го запали објектот“, велат од полицијата.

По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поврзани новости