Прилеп инфо

При претрес во Прилепско пронајдени воздушна пушка, куршуми и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело

Вчера, полициски службеници од ОВР Прилеп го привеле 21-годишниот Ч.С. од село Големо Коњари, прилепско, извести МВР.

„При претрес во неговиот дом, извршен со наредба на Основен суд Прилеп, биле пронајдени и одземени воздушна пушка, повеќе куршуми и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело“, соопшти МВР.

По целосно документирање на настанот против него ќе следува соодветна пријава.

Поврзани новости