Економија

Регулаторна ги објави новите цени на струјата, се враќа и дневната евтина тарифа од први декември

Поевтинува струјата за домаќинствата од 1 и 2 блок, за оние кои повеќе трошат поскапува. Регулаторната Комисија ги објави новите цени на електричната енергија кои ќе важат од следниот месец.

Намалувањето во првиот блок е за над 7 отсто, во 2 – 4, во третиот и четвтриот поскапува за околу 2,5. Но, со враќањето на ДДВ-то од 10 на 18%, повисоки сметки ќе плаќаат сите граѓани. За најголемиот број домаќинства, кои се во вториот блок, поскапувањето ќе биде за нешто под 3%.

– Со вклучено ДДВ, зголемувањето на цената на фактурата за потрошената струја во прв блок ќе биде 0,28 проценти, во вториот 2,88 проценти, во третиот блок 9,99, а во четвртиот 9,87 проценти. Домаќинствата со просечна потрошувачка ќе плаќаат пониска цена за енергија и за мрежарина за 4,26 процент, а со ефектот од зголемувањето на ДДВ од 10 на 18 проценти, ќе имаат зголемување од 2,5 проценти – изјави претседателот на РКЕ Марко Бислимоски.

Од 1 декември се враќа и дневната евтина тарифа од 13 до 15 часот. Електродистибуција има доволно време да ги подеси сите 700 илјади броила. Бисломовски вели дека нема да толерира пролонгирање на рокот.

Во моментов 88% од броилата треба да се сменат рачно. Но, во следните 2 години ќе треба да се заменат сите со далечински отчитувач. Трошокот за нив, Бислимовски вели дека нема да падне на грбот на граѓаните, односно ќе го плати компанијата.

Поврзани новости