НАЈНОВО

СпортФудбал

Роналдо допатува во Саудиска Арабија, денеска промоција во Ал-Наср

Португалската ѕвезда Кристијано Роналдо со своето семејство синоќа пристигна во Ријад, каде денеска и официјално треба да биде промовиран како ново засилување за Ал-Наср.

Според договорот, Роналдо за следните две и пол години ќе заработи неверојатни 500 милиони долари, со што ќе стане најплатениот фудбалер во светот.

Роналдо и семејството во Ријад ќе живеат во неверојатен раскош, во вила вредна 30 милиони долари, а тој треба да биде еден од промоторите на Саудиска Арабија во обидот да добие домаќинство за организација на Светското првенство во 2030 година.

Поврзани новости