Останати

Бојан Милески од Нинџуцу Клуб Битола – балкански шампион

Нинџуцу Клуб Битола учестуваше на ‘‘ADCC Софија 2023‘ ‘и во конкуренција од 350 борци од Бугарија, Грција, Романија, Италија, Кипар, Данска, Македонија и другите балкански држави, успеa да освои златен медал – БАЛКАНСКИ ШАМПИОН до 76.9кг.

БОЈАН МИЛЕСКИ, кој со 100% ефектен настап и 4 победи против два противника од Бугарија и два противника од Грција, без ниту еден изгубен поен и со доминантно борење каде пред сите противници доминираше со одлична takedown game и супер контрола во партер со притисок и во една борба полуга на рака (armbar).

Сите тројца наши претставници имаа добар настап, Филип Божиновски одработи екстра добра прва борба каде ја доби со гушење, а во втората имаше доста сериозен противник со кого одработија супер борба и АDCC правилата беа клучни за победата на противникот со тоа што статистички Филип имаше едно рушење во првиот дел кога не се бoдува и три квалитетни напади за завршница на кои овај пат Руси Минев добро ги одбрани, а со неговото рушење во делот на бодување ја доби борбата.

Игор Додевски овај пат немаше спортска среќа и не беше негов ден и загуби во прва борба 2-0 со изгубено рушење во делот на борба за бодување.

Од клубот изразуваат благодарност до нивните помагатели без кои овој голем успех за нив немаше да биде реалност: HELIOS MEDIKAL Скопје и г-дин Александар Генчов, URBAN PLANNERS Гостивар и г-дин Томислав Белич, Даниел Георгиевски и неговиот хостел ‘‘Морето и Кафето‘‘, KROMBERG &SHUBERT и до сите нивни подржувачи.

 

Поврзани новости