ЖивотЗдравје

Спиењето помалку од пет часа може да предизвика голем број на болести

Најновите истражувања на научниците од Универзитетот во Лондон Колеџ, докажуваат дека спиењето помалку од пет часа на возраст меѓу 50 и 70 години го зголемува ризикот од развој на најмалку две хронични болести

Имено, ова истражување се вршело дури 25 години, па според заклучоците следи Сериозното предупредување.

За време на долгорочен експеримент, научниците ја проучувале врската помеѓу часовите на спиење и дијагностицираните хронични болести и на крајот смртноста на секој од испитаниците.

Оние испитаници кои изјавиле дека спијат пет часа или помалку, имале 20% поголеми шанси да заболат од хронични болести. Во исто време, тие имаа дури и високи 40% шанси да им биде дијагностицирана истата болест во следните 25 години.Оваа група била споредувана со луѓе кои спиеле и до седум часа навечер, што им го подобрило здравјето. Загрижува и фактот што научниците заклучиле дека недостатокот на сон на 50-годишна возраст го зголемува ризикот од смртност во текот на следните 25 години истражување.

Седум до осум часа сон во текот на ноќта е оптимално. Со возраста, луѓето ги менуваат своите навики за спиење.Сепак, научниците препорачуваат секој човек да се труди да спие седум до осум часа секоја вечер за да спречи развој на хронични болести.

Професорите од Универзитетот во Лондон нагласуваат дека краткото времетраење на спиењето влијае на развојот на мултиморбидитетот, односно на две или повеќе хронични заболувања.

Поврзани новости