НАЈНОВО

Македонија

ЦУК: На Водно вчера се изгубило едно лице, било пронајдено за околу еден час

Според информациите на ЦУК, од полициската станица „Карпош“ вчера во 16:34 часот добиле дојава дека изгубено лице е пронајдено и е на пат за градот.

На Водно вчера се изгубило едно лице, кое било пронајдено за околу еден час, информира денеска Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Оттаму велат дека на единствениот повикувачки број за итни случаи 112 вчера во 15:23 часот била добиена пријава дека во парк-шумата Водно е изгубено едно лице, при што веднаш биле известени надлежните институции за понатамошна постапка.

„По интервенција на надлежните структури лицето е пронајдено за околу еден час“, соопштуваат од ЦУК.

Според информациите на ЦУК, од полициската станица „Карпош“, вчера во 16:34 часот добиле дојава дека изгубено лице е пронајдено и е на пат за градот.

Инаку, од ЦУК велат дека во изминатото деноноќие на бројот 112 имало вкупно 1 513 повици, од кои реални повици биле 63,52 отсто, а 36,48 отсто биле наменети за други потреби на граѓаните, кои не спаѓаат во категоријата итни.

Од реалините повици, како што информира ЦУК, кон полицијата биле упатени 64,66 отсто од повиците, кон Итната медицинска помош 29,72 отсто, а кон пожарникарите 3,21 отсто.

Поврзани новости