НАЈНОВО

Uncategorized

Освоил 250.000 евра, па завршил во затвор за 20 пати помала казна: Никој не знае каде ги потрошил парите

 

Шкотланѓанецот Гери Доналдсон (52) ја потрошил среќата што го следела кога на лотарија освоил над 280.000 евра, бидејќи по победата бил осуден за нелегално одгледување канабис. Во 2018 година, Шкотланѓанецот бил казнет со над 13.000 евра. Сепак, поради неплаќање, казната е зголемена на 14.000 евра со камата, било кажано на судот во Шкотска.

Доналдсон, кој освои голема награда на лотаријата во 2010 година, оттогаш се чини дека го „следи малер“.

„Пред неколку години освои значителна сума на лотарија, но нема информации за што се потрошени парите“, вели обвинителката Фиона Хамилтон. Како што тврди таа, истражителите дознале дека Доналдсон заработил над 40.000 евра од продажбата на куќата во март 2021 година. На судот му беше кажано дека единствениот имот му е автомобилот, а Хамилтон се прашуваше каде отишле сите пари што ги освоил. Поранешниот сосед на Доналдсон се согласува со обвинителот и вели дека изгледа неверојатно некој толку брзо да потроши толкаво богатство.

„Факт е дека имал деца за кои се грижел, но поразително е што откако освоил толку голема сума, завршува во затвор, но и мора да ја плати сумата што ја должи. Тоа е показател дека парите не ги решаваат сите проблеми“, вели соседот.

Шерифот Питер Патерсон го уапси Доналдсон кој моментално отслужува казна за нелегално одгледување канабис. Шерифот нагласи дека уапсениот шкотланѓанец ќе мора да го плати долгот откако ќе се реши затворската казна.

Поврзани новости