Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Култура
  • Настани

Далматински мелос во Битола по повод Денот на државноста на Хрватска

admin 31/05/2023 00:00
IMG_6300

Препознатливиот далматински мелос, во Битола ќе го донесе далматинската машка клапа „Жрновница“, а по повод Денот на државноста на Хрватска.

Оваа манифестација веќе традиционално е во организација на Хрватскиот културен центар и Македонско -хрватското друштво „Марко Марулиќ“ – Битола, а оваа година во соработка со КИЦ-Офицерскиот дом.

Клапатa „Жрновница“ доаѓа од истоименото место, предградие на Сплит, Хрватска. Континуирано работи од 2008 година, а е основана од нејзиниот долгогодишен водител, маестро Марко Марин.

Имаат учествувано на многу фестивали, концерти во Хрватска и во странство, настапувале во Франција, Италија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, на Хрватскиот музички фестивал во Виена, Австрија, Словенија, Чешка и со задоволство како што ни изјавија, настапуваат на бројни хуманитарни и други културни настани.

Клапата негува полифоно пеење на далматинскиот мелос, а во својот репертоар, покрај традиционалните „а капела“песни, изведуваат и далматински песни со инструментална придружба на мандолина, гитара и бас. Изведуваат композиции од духовен карактер, класични композиции, аранжмани на популарни композиции, а негуваат и традиционално народно пеење.

Во програмата за одбележување на овој значаен празник за хрватската историја, народниот театар од Сињ ќе ја изведе претставата „Семејна идила“ од М.Ненадовиќ, адаптација и драматизација на Жељко Вицулин.

Премиерата на оваа претстава беше минатата година, а по барање на публиката досега е изведена над 20 пати во Хрватска. Народниот аматерски театар од Сињ е основан во 1956 година. Во сите овие години од нивното постоење подготвиле повеќе од 160 премиерни изведби.

Овие бројки покажуваат дека овој театар и покрај кратките прекини, е еден од најактивните аматерски драмски театри во Хрватска.

Во последните 10 години, со континуирана и професионална работа, театарот се издигна на едно повисоко ниво по бројот на поставени премиерни претстави, како и во учества на фестивали.

На одбележувањето на нивното 60 годишно постоење ја добиваат Наградата на Сплитско-Далматинскиот округ за културна промоција на градот и регионот во Хрватска и странство.

Continue Reading

Претходно: 42 санкции за брзо возење во Битола
Следно: Зголемен прометот во трговијата на мало со храна, пијалаци и тутун

Поврзани вести

andrijana-arlen
  • Настани

„Свири пијано со мене“: Андријана Арлен денес во Офицерскиот дом во Битола

Шеталиште 26/10/2026 11:23
muzichki-kod-1229x1536
  • Настани

„Музички код“ – Македонската филхармонија со концерт во Битола под диригентство на Борјан Цанев

Шеталиште 13/10/2026 15:17
valerija-damcevska
  • Настани

Валерија Дамчевска победничка на „Поетски слем Македонија“

Шеталиште 12/10/2026 12:40
нови 10 лојалти продукти
банер
-_
За портал шеталиште

Тренд Вести

Станковски: Задоволен сум од настапот на Мундијалот, генерација со многу талентирани играчи goran-stankovski-u15-a-1536x1124 1
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Станковски: Задоволен сум од настапот на Мундијалот, генерација со многу талентирани играчи

05/11/2026 20:46
Таневски го објави списокот за контролниот натпревар против Србија aleksandar-tanevski-1-1536x1069 2
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Таневски го објави списокот за контролниот натпревар против Србија

05/11/2026 16:29
Нуркачот Бартломиеј Питала од Полска е прогласен за почесен граѓанин на Скопје image-263996 3
  • Македонија

Нуркачот Бартломиеј Питала од Полска е прогласен за почесен граѓанин на Скопје

05/11/2026 13:56
Славески: Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола Alta-banka-Bitola 4
  • Економија

Славески: Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола

05/11/2026 13:53
Родителите се освестија, тројно зголемена вакцинацијата со МРП vakczini-1024x680-1 5
  • Македонија

Родителите се освестија, тројно зголемена вакцинацијата со МРП

05/11/2026 13:51

Можеби сте пропуштиле

goran-stankovski-u15-a-1536x1124
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Станковски: Задоволен сум од настапот на Мундијалот, генерација со многу талентирани играчи

Димитар Петковски 05/11/2026 20:46
aleksandar-tanevski-1-1536x1069
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Таневски го објави списокот за контролниот натпревар против Србија

Димитар Петковски 05/11/2026 16:29
image-263996
  • Македонија

Нуркачот Бартломиеј Питала од Полска е прогласен за почесен граѓанин на Скопје

Шеталиште 05/11/2026 13:56
Alta-banka-Bitola
  • Економија

Славески: Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола

Шеталиште 05/11/2026 13:53

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани