Настани

Професорот Владимир Роме од Техничкото училиште во Битола објави нова песна по осум години пауза

Професорот на Техничкото училиште во Битола и поранешен гитарист и автор на песните на „П. С. бенд“, Владимир Роме, ја изненади македонската јавност со нов музички хит насловен „Овде нема правда“. Песната во себе носи силна порака за состојбите во државата. Во текстот што го напиша Роме, а го пее Бранко Шпољариќ-Паљач, фронтменот на групата „Чоканче“, се вели:

„Седам така и се мислам дали уште вреди да се чека ново утре, овде да се седи. Нема келнер, ниту шанкер без партиска книшка, нема ништо да се среди во иднина блиска. Кај да одиш сегде има системска деструкција, овде веќе многу долго царува корупција. Едни туркат, други влечат, стоиме во место, наши ваши, сѐ е исто, и лево и десно“.

Роме кажа дека песната ја напишал со повод, но не навлезе подлабоко во образложувањето.

„Знам дека ве интересира инспирацијата за песната, но за неа не би зборувал во моментов, самата песна кажува сѐ“, вели тој.

Ова е негова прва нова песна по осум години. Снимена е во студиото на Раде Стаматов, гитаристот на групата „Гром“.

Поврзани новости