НАЈНОВО

Шоубиз

Александар Тарабунов со одличен настап на „Макфест 2023“

Нашиот добро познат Александар Тарабунов и оваа година настапи на овогодинешниот 38. фестивал „Макфест 2023“ во Штип.

Тарабунов настапи со песната „Тажен Славеј“, а оваа година имаше и неверојатна сценска изведба, песната ја испеа во воздух, висеше на сајли, а на грбот имаше и огромни крилја.

– Од вчерашниот „Макфест“ сум презадоволен како и од самиот настап. Прво ќе започнам со што сите пејачи беа добро одбрани, имаше музика за сечиј вкус, сите пеачи беа добро стилизирани како вистински ѕвезди. Имаше добра дружба како порано што имало и со сигурност можам да кажам дека овој фестивал се враќа во полн сјај и можеби ќе биде уште подобар во иднина.
Малку стресно за мене беше бидејќи ме креваа да летам додека пеам и целата таа организација околу тоа, но сепак на крајот вредеше се. – изјави Тарабунов за Шеталиште.

Имено Тарабунов е еден од водечките вокали и е дел од големото познато кабаре шоу во „Голд Фелициа“.

-Кабарето на „Голд Фелиција“ има посебна енергија која што само тој што бил да ја осети во живо може да каже.. Уживам таму во буквална смисла и додека сум на сцената и надвор од неа.. Стварно е магично место.

Поврзани новости