НАЈНОВО

Битола инфо

Битолчанката Ана Ванчевска единствен македонски претставник на ИФ „Сан Ремо Џуниор“

Битолчанката Ана Ванчевска беше единствен претставник на Македонија на престижниот интернационален фестивал ” Сан Ремо Џуниор“2024 -Италија.

Таа има 13 години, ученик е во ОУ.Даме Груев, изучува виолина во Државното музичко училиште во Битола. Настапувала на детскиот фестивал Си До, каде директорот Дарко Шерденков го препознава нејзиниот талент уште од 5 годишна возраст.

За овој настап на престижниот италјански фестивал кој оваа година го имаше своето 15.издание, ја подготвуваше професорката Марина Коруновска.

На фестивалот се натпреваруваа две групи солисти и инструменталисти, кои беа поделени во три групи, а учесниците ( кои беа од 6 до 15 години), беа од повеќе земји.
Фестивалот Сан Ремо јуниор е подржан од Претседателот на Италија, Министерството за култура, УНЕСКО и УНИЦЕФ.

Поврзани новости