Битола инфо

Голд Фелициа – Битола организира Спектакуларно Велигденско детско шоу на 28ми април

По повод претстојниот голем христијански празник Велигден Голд Фелициа организира Велигденско детско шоу посветено на децата нашето најголемо богатство.

Голд Фелициа втора година по ред го организира овој настан кој со голема радост и интерес е прифатен од сите генерации.

Програмата на овогодинешното Велигденско детско шоу опфаќа широк спектар на активности со кои организаторите на настанот се сигурни дека ќе успеат да ги анимираат и развеселат децата и посетителите кои ќе бидат дел од самиот настан.

Детско караоке во соработка со музичкиот детски битолски фестивал Си – До, работилници, забавни игри се само дел од предвидените активности.

Во склоп на самото Велигденско детско шоу ќе се одржи и хуманитарен базар кој ќе биде посветен на големиот Сашо Лазаровски Сашо – Брада, кому му е потребна финансиска помош. Да бидеме хумани и да помогнеме каде што е најпотребно!

Дојдете заедно со вашите деца, внуци и пријатели за да уживате во нашето уникатно шоу кое сигурни сме дека ќе ве исполни со позитивни емоции.

Очекувајте многу награди и изненадувања!

Датум: Недела 28ми Април

Време: 12 часот

Резервирајте го вашето место на телефонскиот број: 075316974

Поврзани новости