НАЈНОВО

Битола инфо

Вечер на староградска музика и игра на „Илинденски денови“ во Битола

Фестивалот на народни песни и игри „Илинденски денови“ продолжува со Вечер на староградска музика и игра на која ќе настапат пејачки групи, староградски групи и ансамбли од Скопје, Штип, Прилеп, Крива Паланка, Струмица, Тетово и Битола.

Во текот на денот ќе се реализира придружната програма во која ќе се одржат саем на книги од областа на фоклорот и народната култура, промоција на мултимедијална мапа за надвижното културно наследство на градот Битола, како и промоција на документарен филм за ансамблот на народни песни и игри „Орце Николов“ – Скопје.

Според програмата, вечер од 21 часот на плоштадот „Магнолија“ во фолклорната проштека низ светот ќе настапат членовите на фолклорната група „Родина“ од Варна, Бугарија, а на платото пред Офицерски дом ќе настапи ансамблот „Летечки Грузијци“ од Тбилиси.

Фестивалот на народни песни и игри „Илинденски денови“ се одржува со поддршка на Министерството за култура и Општина Битола.

Поврзани новости