ЖивотМода и убавина

Видео: Ен Хатавеј на премиерата на нејзиниот нов филм во стајлинг кој дефинитивно вреди да се копира

Полека, но сигурно, американската актерка Ен Хатавеј станува стилска икона. Таа има уникате пристап кон модата и изгради стил кој навистина вреди да се коира. „Не се работи само за добар избор на стилист и сопствено чувство за тоа што треба да се избере за одредена пригода, туку и за потребата да се изврти целата приказна со неочекуван, „субверзивен“ моден детал и да се донесе трага од свежина на црвениот тепих, поточно нешто поинакво, но елегантно.“ – пишува хрватскиот магазин gloria.

Она што пред извесно време ги воодушеви фановите беше нејзиното појавување на филмскиот фестивал во Сандекс по повод премиерата на нејзиниот нов филм, трилерот „Ајлин“. Ен пристигна облечена во дебела јакна, но изненадувањето беше она што таа го ноеше под неа. Имено, актерката одбра фустан под јакната кој го искомбинира со чизми со врвки. Интересен е пристапот или концептот на комбинација на фустан и корсет во едно, а овој стајлинг дефинитвно е нешто кое треба да се проба.

Таа подоцна се пресоблече на парчиња од куќата на Селин, но ги задржа чизмите со врвки од италијанскиот бренд Версаче.

Краткиот фустан од истата модна куќа и боја, со корсет чиј проѕирен дел дискретно откри дел од грбот, во комбинација со сензационалните чизми со врвки со висок ѓон ги воодушеви обожавателите на модата.

Поврзани новости