Свет

Вклучен алармот во Париз: Исчезна торба со безбедносните планови за Олимписките игри

Француските медиуми денеска пренесуваат дека од железничката станица во Париз утрово исчезнала торба со компјутер и два УСБ-дискови со плановите за обезбедување на Олимпијадата во Париз.

Ваквата ситуација го вклучи алармот кај највисоките безбедносни структури во Франција. Торбата ја носел инженер од градскиот совет и исчезнувањето го забележал кога требало да се префрли од еден во друг воз.

Според неговиот исказ во полицијата торбата ја ставил во багажниот простор над седиштето во возот и открил дека ја нема кога сакал да се префрли во другиот воз.

Во Париз полицијата веќе води истрага и засега не е познато дали исчезнувањето е случајно или пак планирано со цел за некакви цели во текот Олимписките игри наредното лето.

Поврзани новости