НАЈНОВО

Рецепти

Вкусна мусака со месо и пармезан

Малку поинаков начин на подготовка на мусака, но подеднакво вкусен.

Состојки:

– 1 кг компири

– 500 гр мелено месо

– 2 средни главици кромид

– 4 јајца

– 400 мл павлака

– 100 гр рендан пармезан

– сол, бибер и други зачини по желба

– масло за пржење или друга маст по желба

Подготовка:

Излупете ги компирите, измијте ги и исечете ги на тенки прстени. Загрејте го маслото и потоа пропржете ги компирите. Ставете го на хартиени крпи за да се исцеди вишокот масло.

Кромидот ситно се сечка и се пропржува кратко. Додадете месо, сол, бибер, додадете зачини по желба и потоа динстајте 15 минути.

Садот во кој ќе ја печете мусаката премачкајте го со маснотии, а дното покријте го со половина од подготвените компири. Малку посолете ги, па распоредете го месото на нив, па покријте ги со остатокот од компирите.

Јајцата се матат, се додава павлаката и ренданиот кашкавал, па сето убаво се меша. Прелијте преку мусаката.

Ставете ја во рерна загреана на 190 степени и печете околу 30 минути. Мусаката е готова кога ќе добие убава златножолта боја.

Поврзани новости