Македонија

Возила во колони на „Богордица“ чекаат за влез во Грција

На камерите ја ЈПДП се забележува дека за излез од државата има голем број возила кои чекаат на „Богородица“, распоредени во пет колони.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен, но се бележи зголемена фреквенција на возила за излез на граничниот премин „Богородица“ кај Гевгелија.

„Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На ГП ‘Богородица’ за излез во државата се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата“,

пишува во извештајот за состојбата на патиштата кој АМСМ го објавил пред неполн час.
На камерите од граничните премини на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП), пак, се забележува дека за влез во Грција од македонска страна на границата голем број на возила чекаат распоредени во пет колони, од кои пет се со возила, а една со камиони.

Поврзани новости