НАЈНОВО

Битола инфо

Во Битола завршува Фестивалот на народни песни и игри „Илинденски денови“

Со доделување награди и признанија за најдобрите ансамбли, инструменталисти и етнокореграфи, во Битола завршува 53. издание на Фестивалот на народни песни и игри „Илинденски денови“.

Во чест на наградените на платото пред битолскиот Офицерски дом ќе се одржи Вечер на интернационална музика и игра на која ќе настапат ансамбли и фолклорни групи од Србија, Бугарија, Италија, Хрватска, Ирска, Грузија и Мексико.

Според востановената традиција, фестивалот ќе заврши со настап на членовите на КУД „Илинден“-Битола, кои како што е познато секоја година, со орото „Комитско“ го отвораат фестивалот.

Претпладнево за гостите од странство градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски ќе приреди прием во својот кабинет.

Поврзани новости