ВестиРегион

Во еден ден каснати три лица во Прилеп и Битола

Во еден ден, во Битола и Прилеп кучиња скитници нападнале три лица кои пријавиле каснување од куче.

Од СВР-Битола соопштија дека С.А. (72) од Битола пријавил дека на ул. „Тошо Даскало“ во Битола бил каснат од куче скитник, Б.М. (62) од село Крклино пријавил дека во Битола бил каснат од куче скитник, а во ОВР Прилеп, Д.Ј. (63) од Прилеп пријавил дека на ул. „Ладо Лапецот“ бил каснат од куче скитник.

Во меѓувреме, во Битола, врз основа на склучен договор со локалната самоуправа, економскиот оператор „Проветалек“ ДООЕЛ врши заловување на кучиња скитници и нерегистрирани кучиња во градот, а податоците за секое заловено куче се внесуваат во ветеринарно-информативниот систем со цел хуман третман на кучињата, но и заштита на населението од каснувања и спречување пренос на одредени зоонози и паразитски заболувања.

Поврзани новости