Настани

Во сабота започнува Интернационалниот фестивал на монодрама во Битола

Актери од девет држави ќе се натпреваруваат на 25. издание на Интернационалниот фестивал на монодрама, кој од 25 до 31 мај ќе се одржува во Битола. На свеченото отворање ќе се одржи манифестацијата „Глумците пеат“, а натпреварот за награди в недела  ќе го отвори актерката Марија Меденица од Нови Сад со монодрамата „Без откажаување“.

Од НУ Центар за култура, домаќин и организатор на фестивалот најавија дека на сцените во Битола ќе настапат Севар Иванов од Бугарија, Здравко Стојмиров и Иван Ангелов од Северна Македонија, Седа Елхан од Турција, Деспина Сарафеиду од Грција, Арам Хованисјан од Ерменија, Јулија Кудрјашова од Казахстан, Теа Шимиќ од Хрватска и Абдула Маасуд од Обединетите Арапски Емирати-ОАР.

Во чест на наградените, на свеченото затворање што ќе се одржи на 31 мај, ќе биде одиграна претставата на Драмски театар-Скопје, „Чудна случка со кучето во ноќта“  на Сајмон Стивенс во режија на Зоја Бузалкова.

Поврзани новости