Балкан

Во Србија за еден ден предадени 1500 парчиња оружје

Повеќе од половината од предаденото оружје на првиот ден од кампањата што беше покрената во Србија по двете масовни злосторства минатата недела во училиште во Белград и во околината на Младеновац е оружје што е во легална сопственост, изјави Бојана Отовиќ Пјановиќ од Службата за сузбивање криминал при МВР.

Во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, на 3 мај во вооружен напад на 13-годишен ученик од тоа училиште загинаа осум деца и еден чувар, а ранети се шест ученици и еден наставник.

Еден ден подоцна, вооружен 21-годишен млад човек уби осум лица, а рани 14 во две села кај Младеновац.

По тие трагедии, државата најави дека ќе ги заостри казните за недозволено поседување оружје и даде можност во рок од еден месец да се предаде анонимно и без правни последици.

Бојана Отовиќ Пјановиќ рече дека во текот на првиот ден од кампањата за легализација, на 8 мај, од 7 до 19 часот, граѓаните предале околу 1.500 парчиња оружје, 50.000 парчиња муниција и околу 100 мини-експлозивни направи.

Редиците се долги пред полициските станици и тоа што поголем дел од оружјето го предале сопствениците кои го имаат во легално поседување е некако изненадувачки за сите нас“, вели Отовиќ Пјановиќ.

„Кога ги гледаме бројките, повеќе од 50 отсто од предаденото оружје е од легални сопственици. Би рекла дека тоа се случува и затоа што граѓаните се исплашени после се. Што е природно, бидејќи за 48 часа се случија два навистина страшни настани. Делумно тоа е и зголемување на свеста на граѓаните за неопходноста и оправданоста од носење оружје“, рече Отовиќ Пјановиќ.

Министерството за внатрешни работи на Србија ги информираше граѓаните дека во следниот месец можат лично да дојдат во полиција и да остават нелегално оружје и муниција, како и дека имаат можност да се јават во најблиската полициска станица, која ќе испрати полициски службеници да соберат тоа.

site logosite logo
ВО ЖИВО
Барај
Пребарувај

Вести
мај 09, 2023
Во Србија за еден ден предадени 1500 парчиња оружје
Србија, Белград — Полицијата ја обезбедува областа откако момче отвори оган врз други ученици и вработени во училиште во центарот на Белград, 3 мај 2023 година

Србија — Протест во Белград поради случаите на две масовни престрелки со фатални последици во Србија, 8 мај 2023 година.
ВИДЕТЕ И ОВА:
Илјадници луѓе на протестите „против насилството“ во Белград и Нови Сад
Редиците се долги пред полициските станици и тоа што поголем дел од оружјето го предале сопствениците кои го имаат во легално поседување е некако изненадувачки за сите нас“, вели Отовиќ Пјановиќ.

„Кога ги гледаме бројките, повеќе од 50 отсто од предаденото оружје е од легални сопственици. Би рекла дека тоа се случува и затоа што граѓаните се исплашени после се. Што е природно, бидејќи за 48 часа се случија два навистина страшни настани. Делумно тоа е и зголемување на свеста на граѓаните за неопходноста и оправданоста од носење оружје“, рече Отовиќ Пјановиќ.

Министерството за внатрешни работи на Србија ги информираше граѓаните дека во следниот месец можат лично да дојдат во полиција и да остават нелегално оружје и муниција, како и дека имаат можност да се јават во најблиската полициска станица, која ќе испрати полициски службеници да соберат тоа.

„Исто така, мислам дека сите овие настани влијаеја на свеста на граѓаните за ризиците од оружјето што го поседуваат илегално и дека го предаваат за да ја заштитат сопствената безбедност и безбедноста на членовите на нивните семејства, како и да придонесат за општа безбедност на сите нас Сигурен сум дека можноста за легализација ќе придонесе граѓаните да се ослободат од оружјето“, изјави Отовиќ Пјановиќ.

Во Србија нема официјални проценки за бројот на оружјето што го поседуваат илегално, додека некои невладини организации кои се занимаваат со безбедносни прашања проценуваат дека е најмалку неколку стотици илјади.

Поврзани новости