Балкан

Грција годинава ја посетиле речиси 1,5 милиони туристи, 20,7 отсто повеќе од лани

Атина – Во периодот јануари-февруари годинава за 20,7 отсто се зголемил бројот на туристи, кои ја посетиле Грција, споредбено со истиот приод лани, а нивниот број изнесува 1.458.600, наспроти 1.208.100 туристи во 2023 година, согласно податоците од Банката на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Зголемувањето на бројот на посетители, го зголемил и бројот на приходи за 24,5 отсто, што изнесуваат 569,7 милиони евра, а порастот, како што соопштија од Банката на Грција, се должи на зголемувањето на приходите од посетителите од земјите од ЕУ за 60,2 проценти и изнесуваат 303,9 милиони евра.

Пристигнувањата во првите два месеци од годинава преку аеродромите биле зголемени за 19 отсто, додека преку копнените гранични премини за 25,2 проценти.

Во конкретниот период, Грција ја посетиле 755.800 туристи од ЕУ, (зголемување од 37,3 отсто) и 702.000 патници од земји вон Унијата.

Минатата година беше особено успешна за грчкиот туризам, со оглед на тоа дека Грција ја посетија 32,7 милиони туристи, за 17,6 отсто повеќе споредбено со 2022 година.

Поврзани новости