НАЈНОВО

Македонија

Времето денеска: Променливо облачно со дожд во попладневните часови

Во текот на ноќта врнежите ќе бидат пообилни и проследени со грмежи
Денеска нè очекува променливо облачно време со засилен ветер од јужен правец. Попладне, најпрво во западните делови на земјава, се очекуваат врнежи од дожд кои ќе бидат под влијание на циклонска активност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Во текот на ноќта врнежите ќе бидат пообилни и проследени со грмежи.

Минималните температури во земјава денеска ќе се движат од 5 до 13 Целзиусови степени, а максималните ќе достигнат од 17 до 24 степени.

Времето во Скопје ќе биде променливо облачно со умерен до засилен ветер од јужен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд кои во делови од котлината ќе бидат пообилни.

Температурите во главниот град ќе се движат од 10 до 24 степени.

За утре УХМР најавува облачно време со на места поројни врнежи.

Поврзани новости