НАЈНОВО

Битола инфо

Голд Слот Клуб како општествено одговорна компанија со донација во О.У Браќа Миладиновци во с.Добрушево

Голд Слот Клуб компанијата која е дел од КС Групација, позитивно одговори на барањето на директорката на О.У Браќа Миладиновци од Село Добрушево – Општина Могила за донација на спортска опрема (ракометарски и фудбалски топки и хулахопи).

По повод патрониот празник на училиштето се организираат забавно спортски активности и различни интерактивни игри за кои се потребни топки и хулахопи. Училиштето е активно вклучено во повеќе проекти преку кои се обезбедуваат инфраструктурни промени во самото училиште.
 Регионалниот менаџер на компанијата Голд Слот Клуб Благој Наумовски лично ја предаде донацијата во О.У Браќа Миладиновци. Голд Слот Клуб е општествено одговорна компанија која постојано одговара на различни барања од заедницата.Оваа компанија сака со личен пример да ги мотивира останатите компании да покажат општествена одговорност и да допринесат во подобрување на секојдневното функционирање на заедницата.

Само со синергичен пристап во општеството на сите вклучени поединци, компании и останати субјекти може да се подобри социјалната слика на нашата држава.

Поврзани новости