Македонија

Нестабилно време со дожд во новата работна недела

Времето денеска (понеделник) ќе биде променливо облачно. Попладне и во вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни и поројни, над 20 литри на метар квадратен, проследени со појава на грмежи. Ќе дува засилен до силен ветер од јужен правец, над 70 километри на час. Максималната температура во гостиварскиот регион ќе достигне 13 степени.

Според УХМР, во вторник и среда ќе се задржи променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни, проследени со појава на грмежи. Во четврток и петок ќе владее променливо облачно со сончеви периоди. Максималната дневна температура ќе се движи околу 13-тиот степен.

Поврзани новости