Балкан

Грција ја зголемува минималната плата на над 800 евра

Денеска во Грција се најавува четвртото по ред зголемување на минималната плата, кое се очекува да надмине 800 евра и ќе стапи на сила од 1 април, соопшти владиниот портпарол Павлос Маринакис.

Минималната плата од 650 евра во 2019 веќе достигна 780 евра, додека просечната плата изнесува сега 1.251 евра, од 1.046 колку што беше во 2019 година.

Европската комисија објави податоци за минатата година кои се однесуваат на реалниот БДП по глава на жител и БДП по глава на жител во стандардите за куповна моќ. Во однос на првата бројка, Грција е шампион во растот на инфлацијата во ЕУ со учинок од 2,5% во БДП.

Вкупно, во периодот од 2019-2023 година, реалниот расположлив приход по глава на жител во Грција се зголеми повеќе од двојно од европскиот просек: на 2,1% наспроти 1%. Во периодот по ковид пандемијата, разликата е уште поголема: 5,9% просечен пораст во Грција наспроти 3,1% во Европската унија.

Со економската политика на Владата, вработеноста е зголеман за околу 400.000 нови работни места, а реалните плати во приватниот сектор во економијата во последните четири години пораснаа за 6,1%.

Поврзани новости