Фудбал

“Евротип” спонзор на ФК Пелистер

Спортските обложувалници “Евротип” познати по својот придонес во македонските спортски клубови па така и овој пат станаа спонзор на ФК Пелистер, кои се огласија со соопштение до јавноста:

Процесот кој клубот го зацрта по преземањето на актуелната структура се развива според однапред зацртаните планови и процеси. Наспроти приотизирање на резултатските цели, клубот континуирано работи на конструирање на иднината, модернизирање и засилување на клупската школа и инфраструктурата, како и реализирање на проекти во спонзорскиот и маркетиншки сектор.

Задоволство ни е да го официјализираме нашиот нов спортски пријател и спонзор на клубот, спортските обложувалници Евротип.

Евротип важи за компанија која е позната по инвестирање во спортот, и веруваме дека заедно ќе ги оствариме сите амбиции и очекувања на ФК Пелистер во наредниот период. Нивното место во нашиот тим на спонзори има посебен значај за нашиот клуб, и задоволство ни е што лидерот на спортското обложување го препозна нашиот проект и ќе го краси нашиот дрес и стадион во периодот кој следува.

Ова е почеток на еден нов процес, во кој ФК Пелистер ќе го трасира патот кон врвот на македонскиот фудбал. -стои во соопштението на ФК Пелистер.

Поврзани новости