НАЈНОВО

Фудбал

Четворица играчи на ПСЖ суспендирани поради хомофобични скандирања

Фудбалерите на Пари Сен Жермен, Рандал Коло Муани, Усман Дембеле, Ахраф Хакими и Лајвин Курзава се суспендирани на еден натпревар поради хомофобични скандирања, објави Ligue de Football Professionnel (LFP).

Коло Муани, Дембеле, Хакими и Курзава беа казнети бидејќи на 24-ти септември по триумфот против Олимпик Марсеј (4:0), заедно со навивачите пееле навредливи песни упатени кон клубот од Марсеј.

ПСЖ беше казнет и со затворање на трибината на „Отеји“, каде што се најжестоките навивачи, на два меча, од кои едниот е условен.

ПСЖ излезе со соопштение во кое тврди дека казната за затворање на трибината е „прекумерна мерка“, но и додава дека нема да се жалат на одлуката на LFP.

„Клубот жали што Дисциплинската комисија донесе одлука за прекумерна и колективна мерка, која веројатно ќе ја поткопа работата на дијалог и превенција што клубот ја спроведува со здруженијата, институциите и навивачите. Свесен за важноста на борбата и симболиката, клубот нема да се жали“, објави ПСЖ.

ПСЖ моментално е на петтото место во Ле Шампионат со 12 бода, два помалку од лидерот Монако.

Поврзани новости