Битола инфоВести

Затвореник баран со потерница приведен во Битола

Полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје денеска го лишиле од слобода Е.К.(29) од Дебар, кој бил баран со потерница за доиздржување на затворска казна, соопшти Министерството за внатрешни работи.

– Денеска (27.01.2023) во 15.30 часот на ул.„Козјак“ во Битола, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Е.К.(29) од Дебар. Тој бил осуден на 12 години казна затвор за сторено кривично дело по член 188 од Кривичниот законик, а бил баран по распишана централна потерница врз основа на наредба на Казнено-поправната установа Затвор Идризово за доиздржување три години и 11 месеци од казната, се вели во соопштението на МВР.

Оттаму информираат дека лицето ќе биде предадено во казнено-поправната установа за доиздржување на казната.

Поврзани новости