Свет

Земјотрес со јачина од 6,7 степени на Филипините, се проценува можноста за цунами

Земјотрес со јачина од 6,7 степени според Рихтеровата скала го погоди Тихиот Океан во близина на брегот на Филипините, објави Американскиот геолошки институт. Земјотресот се случил околу 4:48 часот по локално време.

Земјотресот се случил на длабочина од 70 километри, на околу 100 километри југоисточно од провинцијата Сарангани, соопшти УСГС. ЕМСЦ соопшти дека се проценува можноста за цунами.

Поврзани новости