НАЈНОВО

Битола инфоВести

Изречени 132 санкции за брзо возење на територија на СВР Битола

На територијата на СВР Битола вчера беше спроведена засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 132 возачи.

Како што информираат од МВР, од нив 94 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 38 надвор од населено место.

-На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци. Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, се наведува во соопштението од МВР.

Поврзани новости