Свет

Кои се најскапите градови за живеење во Германија?

Трошоците за живот во Минхен се највисоки во Германија и се за 38% повисоки отколку во областа Фогтланд на долниот крај на листата, објавија Германскиот економски институт и Федералниот институт за истражување во градежништвото, урбанизмот и просторниот развој.

Одлучувачки фактор се трошоците за домување. Ако не се вклучи оваа најголема ставка од трошоците, разликата меѓу најскапиот и најповолниот е многу помала и изнесува околу 6%, а во тој случај, Штутгарт е најскап град за живот, а Лер најевтин. Кога ќе се вклучат трошоците за домување, живеењето во градот Минхен е за 25,1% поскапо од германскиот просек.

Следува округот Минхен со 16,7% повисоки трошоци, Франкфурт (15,9%) и Штутгарт (14,8%). Областа Фогтланд е 9,5% под националниот просек, исто како и Грајз. Следи Герлиц (9,4% под просекот), како и градот Пирмасенс и областа Залцландкрајс со 9,3% под просекот.

Во Германија, особено е скапо во популарните станбени области, на пример на работ на Алпите или на Боденското Езеро. Источните сојузни држави, од друга страна – со исклучок на Берлин и неговата околина – вообичаено се значително поевтини од националниот просек.

Истото важи и за одредени области во централниот и во северозападниот дел на Германија, западно од Франкфурт и на далечниот север и исток од Баварија. Пресметките се базираат на околу 24 милиони показатели за податоци.

Поврзани новости