НАЈНОВО

Битола инфоМакедонија

Комплексот Голд Фелициа – Еден и единствен во Македонија!

Комплексот Голд Фелициа се наоѓа во Битола на Новачки Пат број 14. Овој комплекс е препознатлив по тоа што во својот состав опфаќа ресторан, кабаре и хотел и казино односно на едно место нуди комплетна забава која вклучува одлична музика, вкусна храна, добар пијалок, слот апарати, рулет и луксузно сместување.

Ресторанот на Голд Фелициа располага со богато мени со широка палета на вкусни деликатеси како и долга листа на пијалоци. Во ресторанот на Голд Фелициа работи високо квалификуван тим на готвачи и услужен персонал кои се задолжени за доставување на квалитетна услуга за гостите во ресторанот. Луксузниот ентериер и интимната атмосфера го прават престојот во ресторанот како уникатно доживување кое создава спомени кои доживотно остануваат во вашата меморија. Ресторанот нуди и кетеринг услуги на територијата на град Битола.

Во склоп на ресторанот функционира Кабарето на Голд Фелициа кое секој петок и сабота го има единственото и најуникатното Кабаре Шоу во Македонија, а и пошироко во регионот. Специјално селектираниот тим на професионални танчери облечени во уникатно дизајнираните костуми на Папаз Студио низ оригиналните кореографии и музички перформанси овозможуваат разгалување на вашите фантазии и обезбедување на единствени релаксирачки моменти за секој поединец.

Хотелот на Голд Фелициа располага со луксузни соби со уникатно дизајниран ентериер кои го надополнуваат корисничкото искуство во комплексот Голд Фелициа. Незаменливaта удобност надополнети со внимателна, дискретна и беспрекорна услуга го позиционираат хотелот најгоре на листата на популарни локации за престој и забава во Битола.

Казиното на Голд Фелициа располага со 98 слот машини од повеќе познати брендови и еден рулет на кој постои опција за организирање на турнир. Казиното на Голд Фелициа е единственото казино во Македонија кое има слот апарати од уникатните брендови како IGT, Mercur, Casinotehnology и единствениот шпански бренд ZITRO кој има многу забавни игри со бонуси, а одредени машини имаат и сопствени џекпоти и можност за супер добивка.

Во Казиното има промоции кои овозможуваат дополнителна забава и можност за добивка на посетителите. Едни од тие промоции се “Лејдис најт” во вторник и промоција Зитро во понеделник “600 за 1200”. Уникатноста на казиното на Голд Фелициа се состои во тоа што на едно место може да се искуси врвна игра надополнета со вкусна храна, пијалок и место за преноќување.

Комплексот Голд Фелициа е единствен комплекс од ваков тип во Македонија.

Секој кој сака да искуси комплетна “ментална трансформација” треба да дојде и да го посети комплексот Голд Фелициа кој со својата уникатност и посветен персонал ветува незаборавни доживувања и супер провод
За повеќе информации (или резервации) за комплексот Голд Фелициа јавете се на +38975316974 или посететеја веб страната www.goldfelicia.mk

Поврзани новости