НАЈНОВО

Битола инфо

Крсте Роџевски вечерва почнува со серијата концерти во Битола

Македонскиот композитор, гитарист и пејач, Крсте Роџевски со целовечерен коцерт ќе ја отвори есенската сезона на културни настани кои ќе се одржуваат во битолскиот Центар за култура.

Роџевски пред битолчани ќе исполни композиции од својот најнов албум „Црна Земја“ („Black Earth“) кој содржи традиционални македонски песни, но и од познатиот музички репертоар содржан во албумите „Батанија“, „Зајакот и паднатиот јавор“, „Хубрис“ и други музички изданија на битолчанецот кој живее и работи во Њујорк.

Есенската сезона на коцерти продолжува на 14 септември со целовечерен концерт на битолскиот Камерен оркестар кој ќе настапи со избрани музички хитови од 80. и 90. години на минатиот век, а по завршувањето на ИФФК „Браќа Манаки“, публиката во Битола ќе може да го следи најновото издание на фестивалот на класична музика, „Интерфест“.

Серијалот концерти ќе биде заокружен со спектакуларен концерт на авангардната словенечка група „Лајбах“ која во ноември ќе настапи на фестивалот „Музика од светот“ чиј домаќин и организатор е НУ Центар за култура-Битола.

Поврзани новости