Фудбал

Лоши вести за Несторовски: Го повреди лактот, го чека пауза

Македонскиот фудбалер Илија Несторовски играше во добра форма за Асколи во Серија Б, но доживеа повреда која може да го оддалечи некое време од терените.

Прилепчанецот го повреди лактот на последниот тренинг. Во моментов, не тренира со тимот, раката му е мобилизирана и се чекаат дополнителните лекарски прегледи. Постојат две опции, првата е пауза до една седмица, втората е онаа подолгата, шест до осум недели.

Доколку се покаже дека има само истегнување, тогаш Несторовски ќе се врати експресно на терените. Но, доколку постои фрактура, тогаш играчот ќе го чека пауза од шест до осум седмици за да заздрави.

33-годишниот Несторовски дојде во Асколи за време на летниот преоден рок, а досега одигра десет натпревари на кои забележа два гола со уште една асистенција.

Поврзани новости