Моја кујнаРецепти

Малку поинаков рецепт за десерт – Баклава со бадеми

Десертот е неизоставен дел кој следи како совршен финиш на трпезата. Балкавата е позната најповеќе во овие простори, но во продолжение ви нудиме малку поинаков рецепт за истата. Станува збор за баклава од бадеми, а еве како да ја направите.

Состојки:

– 1 пакување тенки кори за баклава

Фил:

– 250 гр путер

– 200 гр бадеми

– 80 гр суво грозје

– 1 рендано мускантно оревче

Сируп:

– 300 гр шеќер

– 500 мл вода

– 1 ванилин шеќер

– сок од 1 лимон

Подготовка:

Тава со димензии 30х15 сантиметри прелијте ја со растопениот путер и на дното ставете четири до пет кори, па секоја попрскајте ја со растопен путер.

Секоја кора посипете ја со мешавина од мелени бадеми, суво грозје и рендано мускантно оревче додека не го потрошите филот.

На самиот крај наредете ги преостанатите четири до пет кори.

Пред печењето, со нож се сече баклавата во форма на дијамант или коцка, се прелива со растопен путер и се става во рерна на околу 200 степени. Печете додека баклавата не добие убава кафена боја.

Испечената баклава, откако ќе ја извадите од рерна, прелијте ја со изладениот сируп и оставете ја околу два часа да го впие сирупот.

Подгответе го сирупот така што убаво ќе ги зовриете шеќерот, ванилиниот шеќер и водата и додадете сок од лимон.

Поврзани новости