Рецепти

Протеински палачинки

Вкусни палачинки од само пет состојки.

Состојки:

– 2 јајца

– 150 грама густ јогурт

– 100 грама брашно

– 4 лажици млеко

– 1 лажичка сода бикарбона

Подготовка:

Јајцата се матат, па се мешаат со јогуртот и млекото.

Во друг сад измешајте брашно и сода бикарбона.

Смесата со јајца и јогурт прелијте ја во брашното и мешајте додека не добиете еднолична смеса.

Оставете на страна неколку лажици од смесата, па ставете ги на загреана тава, со или без маст, во форма на мал круг.

Пржете ја секоја палачинка околу две минути од секоја страна додека не порумени.

Послужете со овошје по желба.

Поврзани новости