Свет

Масовен протест на земјоделците во Германија: Илјадници трактори го блокираа Берлин

Германските земјоделци за денеска најавија протести пред Бранденбуршката порта во Берлин со барање да се преиспитаат плановите за воведување повисоки даноци за земјоделците.

Се очекува на протестите да учествуваат 5.000 земјоделци на трактори, 2.000 камиони и 10.000 луѓе од цела Германија, објави Ројтерс.

Германскиот министер за финансии Кристијан Линднер планира да им се обрати на учесниците на протестот, а лидерите на партиите од владејачката коалиција ги поканија претставниците на земјоделците на разговор.

Како што пренесува германски „Билд“, блокиран е Потсдамер Плац, еден од главните плоштади и сообраќаен центар на Берлин.

Трактори блокираа многу улици во главниот град.

Поврзани новости