Македонија

Многу топло време и денес со температури до 42 степени

Времето денес ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 22, а максималната ќе достигне од 34 до 42 степена.

Во Скопје сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 38 степена.

Под влијание на топол бран во следниот период ќе се задржи стабилно и многу топло време со дневни температури во поголемиот дел од земјава над 35, а наместа и над 40 степени поради што ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури, најавува УХМР.

UV индексот ќе има многу висока вредност 10, а утринските температури во Скопје и во јужните делови нема да се спуштаат под 20 степени.

Поврзани новости