КнигаКултура

Наскоро ќе оживеат ликовите на светски познатата авторка Колин Хувер – Блејк Лајвли во главна улога на филмската адаптација

,,Ова завршува со нас” е еден од најчитаните романи, а е напишан од светски познатата авторка Колин Хувер. Извонредната приказна на истоимената книга, овој пат ќе биде оживеана на филмското платно и омилените ликови ќе ги толкуваат холивудски ѕвезди.

Во улогата на Лили Блум ќе влезе Блејк Лајвли, додека Рајл Кинкејд ќе биде Џастин Балдони.

Ова значи премногу за авторката која прикачи видео на својот инстаграм профил во кое воедно и се заблагодарува на мајка и за извесна одлука што таа ја направила во нејзиното детство. Во врска со филмот Хувер не може да ја скрие возбудата од моментот дека Блејк ќе ја оживее нејзината книга.

Имено Колин Хувер е современа американска авторка на единаесет романи, меѓу кои најпознати се,,Верити”;,, Ова завршува со нас”;,,,9 ти Ноември”…

Поврзани новости