Македонија

На Табановце се чека половина час за влез, на останатите граници без задржувања

На ГП Табановце се бележи зголемена фреквенција на возила за влез во државата, времето на чекање е околу 15 до 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ.

Сообраќајот на патиштата се одвива непречено, по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата.

Поврзани новости