Економија

Од полноќ ново поскапување на горивата

Според одлуката на РКЕ, горивата од ноќеска на полноќ ќе поскапат од половина до денар и половина за литар
Од полноќ горивата поскапуваат од половина до денар и половина, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Според одлуката на РКЕ, бензинот Еуросупер БС-95 од ноќеска на полноќ поскапува за половина денар, Еуросупер БС-98 поскапува за еден денар, а цената на дизелот се зголемува за денар и половина.

Според тоа, литар Еуросупер БС-95 од ноќеска на полноќ ќе се продава по 81 денар, Еуроспер БС-98 ќе чини 83,5 денари за литар, а литар дизел ќе чини 79,5 денари.

За половина денар од ноќеска на полноќ се намалува цената на екстра лесното масло за домаќинство кое од ќе се продава по цена од 76,5 денари за литар.

Поврзани новости