НАЈНОВО

ВестиМакедонија

Од фондот велат дека системите постепено ќе се враќаат во функција

Вчера фондот за здравствено осигурување преку соопштение информираше дека функционалноста на системите постепено ќе се враќа во функција. Овој процес одезема дополнително време, но техничките тимови работат во континутет.

Фондот потсетува дека анализата на експертските технички тимови утврди дека при сајбер нападот нема излевање на податоци надвор од базите на Фондот.

Фондот испрати и известување до сите ЈЗУ и ПЗУ со детални упатства за проверка на осигурениците преку Мој термин, со што ниеден осигуреник не смее да биде вратен од правото на здравствена заштита.

Приоритет е враќањето на функционалноста за исплатите на платите на здравствените работници во Јавните здравствени установи како и враќање на системите на исплата на боледувањата, породилното и рефундациите.

Правото на здравствена заштита на граѓаните не е загрозено, лекувањата, упатите за прегледите и боледувањата, издавањето на рецепти од страна на матичните лекари, како и издавањето на лекови на граѓаните се одвива непречено и граѓаните без застој можат да ги користат овие здравствени услуги. Усогласени се и решенија за остварување на правото на ортопедски помагала.

Подрачните служби на Фондот во континуитет ги примаат барањата. Покрај ова, Подрачните служби се достапни и телефонски преку јавно објавени линии за информации за осигурениците, на кои истите можат да се обратат и да добијат информации во врска со сите решенија кои се усогласени со матичните лекари а преку кои осигурениците можат да ја остварат здравствената заштита.

Фондот навремено и постојано ќе ја информира јавноста за сите нови утврдени информации кои се од интерес на граѓаните, стои во соопштението на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување.

Поврзани новости