ЗабаваШоубиз

Парис Хилтон стана мајка

Познатата наследничка на ланецот хотели Парис Хилтон и нејзиниот сопруг Картер Реум го добија своето прво дете.

Хилтон на Инстаграм објави фотографија соопштувајќи ја среќната вест.

„Невозможно е да се опише колку си веќе сакан“, напиша Хилтон.

Американските таблоиди објавија дека момчето го родила сурогат мајка.

Имено, поранешната реалити ТВ ѕвезда Хилтон (41), во интервју минатиот месец откри дека започнала со ИВФ со нејзиниот сопруг за време на пандемијата. Тие се во брак од 2021 година.

„Бидејќи светот се затвори“ во раните фази на пандемијата „Ковид-19“, тоа беше „совршен момент“, изјави Хилтон за People.

Поврзани новости