ВестиМакедонија

Петличковски: Подваријантата Х3 дава подолготрајна температура кај заболените од грип

Претседателот на Комисијата за заразни болести Александар Петличковски се согласува дека во изминатиот период кружи грип кој се лекува дури две недели и температурата трае долготрајно.

– Секоја сезона помеѓу населението циркулираат Х1 и Х3 варијанти на А инфлуенца. Годинешпниве примероци кои што се секвенционирани укажуваат дека околу две третини од луѓето, можеби и нешто повеќе, се инфицирани од Х3 варијантата, а таа варијанта оди малку со подолг тек, подолготрајна температура и веројатно овие подолги траења на болеста се должат на оваа подваријанта, рече докторот од Институтот за имунологија и хумана генетика во емисијата „Тема на денот“.

Тој вели дека сепак тешки случаи кои бараат хоспитализација се реткост, што дава простор за очекување дека оваа сезона ќе се помине добро со грипот.

– Оваа сезона оди често со инфекции. Бевме претазливи изминатите години и кога ги споредуваме овие бројки со пред короната, нема драматични отстапувања. Имунитетот кога долго време го штедиме, малку може да подзаборави и да забави, но брзо ќе го вратиме на оние времиња пред Короната, додаде Петличковски.

Поврзани новости